Пазари

Пазарите односно услугите во пазарите до скоро беа централна активност во компанијата Скопски пазар АД Скопје. Компанијата управува со 16 зелени и 1 сточен пазар.

Трговска дејност

Трговската дејност сега е прва по големина дејност на компанијата. Во моментот Скопски пазар АД располага со 5 современи супермаркети под името "СП Маркет", 14 дисконти под името "Макси Д", 4 продавници од новиот малопродажен ланец на продавници под името "Бонус плус",2 салони за мебел; една продавница за текстил и центар за убавина "Unique".

Деловен простор

Скопски пазар АД располага со деловен простор со вкупна површина од околу 45 000 метри квадратни. Во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, а останатиот, кој се состои од повеќе од 700 деловни единици, го изнајмува на други корисници.

Угостителска дејност

Компанијата врши и сопствена угостителска дејност во 2 угостителски објектa: ресторанот "14" во Скопје и во ресторанот "Александрија" во Кавадарци. Посебно репрезентативен е ресторанот "14" во населбата Тафталиџе, од неодамна целосно реновиран.