Тиквешки гроздобер 2006
Скопски пазар беше еден од спонзорите на стопанско-културната и туристичка манифестација "Тиквешки гроздобер 2006" со републички и меѓународен карактер, во септември 2006.

Со манифестацијата беа опфатени следните содржини кои во својата суштина имаат презентирање на винскиот карактер на манифестацијата и тоа: Саем на вино, "Вино Експо", Вински Карневал, Вински фестивал, Меѓународен фолклор, Избор на винска убавица и Вински тури.
Сите овие содржини беа проследени со богата културно уметничка програма.

