Скопски пазар за напредокот на боречките вештини
Скопски пазар го поддржа проектот на Центарот за јапонски боречки вештини и духовна култура ЈКА САМУРАЈ ДОЏО за отпочнување трeнинг по Кендо така што донираше парични средства за Кендо опрема.

ЈКА САМУРАЈ ДОЏО е еден од најмасовните клубови за боречки вештини во Република Македонија. Во клубот членуваат околу 110 членови во различни возрасти од кои најмладиот член е со 5, а најстариот член е со 64 годишна возраст. Квалитетот на своите членови ЈКА САМУРАЈ ДОЏО го потврдува со резултатите при настапите на натпреварувањата во РМ но и надвор од неа. Клубот е официјален претставник за Japan Karate Association (JKA)за Република Македонија, но и за Светската Џу џутсу Федерација (WJJF) и Интернационалната Кендо-Иаидо Федерација (ZNKR). Исто така, ЈКА САМУРАЈ ДОЏО е единствен клуб на балканските простори кој работи и со инвалидизирани лица. Во клубот членуваат и 30 инвалидизирани лица.

Тренерот на ЈКА САМУРАЈ ДОЏО е еден од најпознатите инструктори за боречки вештини на Балканот, Кесковски Златко, кој е интернационален инструктор по Карате, Џу Џутсу, Кендо и Иаидо, инструктор е и на Италијанската Карабинерија но и во повеќе земји во Светот (Италија, Бугарија, Србија, Албанија, Израел, Костарика, Холандија, Австралија, Шведска, САД, итн.) Исто така, Кесковски е и член на Бордот на Директори на Светската Традиционална Карате Асоцијација и е одговорен за натпреварувачката дисциплина Karate Selft Defence. Кесковски е четирикратен Светски шампион и повеќекратен Европски шампион во боречки вештини. Член е на Фондацијата Kik Drugs outside of America на познатиот актер Чак Норис. Исто така тој е потпретседател на Комисијата на спортисти при Македонскиот Олимписки комитет. Неговите настапи се длабоко забележани во историјата на боречките вештини, неговите демонстрации се најгледани во Европа и од тие причини е и гостин на многу Гала претстави низ Европа.

Следниот проект на ЈКА САМУРАЈ ДОЏО е отпочнување на тренинг по Кендо, вештина која се уште не е застапена во нашите простори. Единственит инструктор Кесковски, кој е Кендо мајстор е подготвен да ја превземе обврската да биде пионер во оваа вештина во Република Македонија.




