Охрид фест-Охридски трубадури 2006
Скопски пазар АД беше еден од спонзорите на интернационалниот музички фестивал "Охрид фест-Охридски трубадури 2006" што се одржа на Летната сцена во Долни Сарај, Охрид, од 24 до 26 август.
На 24 август се одржа фолк вечерта (настапија Гоце Арнаудов, Наум Петрески, Зуица Лазова, Нино Величковски, Петар Нечовски, Благоја Груевски и др.)
На поп вечерта на 25 август учествуваа Елена Петреска, Андријана Јаневска, "Куку леле", Кристина Арнаудова, Маја Вукичевиќ, Џокси и др.
Во натпреварувачкиот дел на интернационалната вечер настапија "Жељко Самарџиќ (Србија), Романа (Србија), Деби Шери (Малта), Мариос Тофи (Кипар), Жак (Хрватска), Џози (Хрватска), Александра Бучевац (Црна Гора), а ревијално настапија "Но наме" (Црна Гора), Бојан Бјелиќ (Србија), АББА шоу (Хрватска)...