Обука за гестовен говор
По успешно спроведениот прв циклус на обуки за гестовен говор на дел од вработените во СП маркетите, Макси Д дисконтите во Скопје и центарот за убавина Unique, повторно по еден вработен/а од секоја смена на СП маркетите, Макси Д диксонтите во Скопје и центарот за убавина Unique учествуваа во обуката за гестовен говор, во периодот од 15-ти септември до 3-ти ноември 2007 година. На обуката вработените ги научија основите на гестовниот говор како и знаците кои ќе можат да ги користат секојдневно на работното место, при комуникација со клиенти со оштетен слух. Обуката беше специјално концепирана според специфичностите на работењето во маркет, односно продажен објект. На обуките учествуваа дваесетина вработени. Исто толку беа обучени во првиот циклус. За сите учесници на обуката беше подготвен и испечатен соодветен прирачник, со термини кои најчесто се користат во секојдневната комуникација со потрошувачите во малопродажбата.
Обуката за гестовен говор е уште еден обид вработените во нашите продажни објекти да останат верни на идејата секогаш да се прилагодуваат на потребите на потрошувачите.
На овој начин е направен само еден чекор кон поголемото социјално интегрирање на лицата со оштетен слух.
Сите малопродажни објекти на Скопски пазар во кои работат лицата кои ја поминале обуката за гестовен говор, се обележани, на влезот.
Обуката беше спроведена во соработка со Сојузот на глуви и наглуви на Македонија, а предавањата ги одржа г-ѓа Викторија Волак.