15 години Меѓаши
На 03.05.2007 година Првата детска амбасада во светот - Меѓаши го прослави својот јубилеј - 15 години од основањето. Скопски пазар и овојпат изрази поддршка - со донација со храна за приредениот коктел.

Првата детска амбасада во светот е меѓународна граѓанска организација основана на 29 април 1992 година во Скопје.

Детската амбасада Меѓаши се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права и застапување на детските интереси. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето во Република Македонија развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.

Служби на Меѓаши се: СОС телефон за деца и млади - 0800 1 22 22, кој е бесплатен и работи секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот; детските работилници кои активно работат за време на целата школска година; бесплатна правна служба и бесплатно советувалиште (психолошко/педагошко/социјално)

Веќе 13 години функционираат детските работилници. Тие претставуваат можност за децата од различни етнитети и социјална состојба, заедно да се дружат преку различни активности и да ја развиваат својата креативност и фантазија. Работилниците ги посетуваат децата членови на амбасадата на возраст од 4 до 15 години: компјутерска, англиска, француска, екологија, германски, албански, применета уметност, оригами, математика, астрономија спортска, за добро здравје и литературно-драмска работилница.
