Новогодишни пакетчиња за децата без родители
Скопски пазар обезбеди пакетчиња за децата без родители за традиционалната новогодишна прослава што за нив ја организираше ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.

Одделението за старателство при ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, како орган за старателство води грижа за сите деца без родители и родителска грижа. Во моментот во ЈУ меѓуопштинскиот центар се евидентирани 300 деца од 0 до 18 годишна возраст.

Претставничката од Скопски пазар им посака здравје, среќа и среќна Нова година од името на сите вработени во Скопски пазар. "Особина чест ни е" - рече таа " што придонесовме во хуманитарни цели".