Скопски пазар АД Скопје
За нас
Услуги
Финансии
Општествена одговорност
Новости
Човечки ресурси
Контакт
Мапа на сајтот
Добредојдовте на сајтот на Скопски пазар!
Духот на традицијата се уште се негува и упорно се пробива низ бурните времиња
на овие простори. Од времето на зурлите и тапаните, ановите и бакалниците,
до времето на техното и глобалната телекомуникациона мрежа, супермаркетите
и трговските центри. Времињата може да се менуваат но духот останува. Тоа
е истиот оној традиционалистички дух, кој како генетски товар го носиме
од колено на колено, од генерации на генерации. Тоа е истиот еснафски дух
што како аманет во изминатите повеќе од педесет години го носи компанијата
Скопски пазар.














