ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО!
По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, во соработка со Црвениот крст на град Скопје, во СП Планет ќе се спроведе крводарителна акција во периодот од 10:00-15:00 часот.
Пријавувањето за крводарителната акција ќе се врши на бесплатниот телефон 0800 11 666, секој работен ден од 08:00-15:00 часот, почнувајќи од 01.04.2011 год.
Дополнително, на истиот ден, стручен тим од првата приватна општа болница Ремедика, во истиот термин од 10:00-15:00 часот, во СП Планет и СП маркет Расадник ќе врши бесплатна контрола на шеќер во крвта и крвен притисок.
СП Маркет и Ремедика се грижат за Вашето Здравје.