Скопски пазар ќе ја поддржи големата хум. акција за децата без родители...
Здружението на децата без родители од детските домови на Македонија "Иднина" ја започна големата хуманитарна акција за собирање постелнина, ќебиња, зимска облека, кујнски апарати и ситна покуќнина за полнолетните деца кои треба да ги напуштат детските домови и дом-семејствата и за оние што живеат под кирија и се во тешка материјална состојба. Во соработка со "Т-Мобиле", од 3 ноември до 25 декември во функција е телефонскиот број 070 143-123, на кој сите хумани луѓе ќе можат да донираат по 100 денари.
Помошта ќе биде поделена на 120 деца кои во моментот живеат под кирија и 20 полн0летни младинци кои ќе ги напуштат детските домови и дом-семејствата.
Собраните предмети ќе се разнесуваат со возила што за Здружението ќе ги стават на располагање Владата, АРМ и Скопски пазар АД.