Скопски пазар гради во Ѓорче Петров
На 12.10.2006, беа удрени темелите на новиот објект што ќе го гради Скопски пазар АД во населбата Ѓорче Петров. Свеченото отпочнување на изградбата на објектот беше направено во присуство на највисоки претставници на топ менаџментот на компанијата и со црковна церемонија предводена од митрополитот Кирил.

Содржината на објектот ќе опфати супермаркет, хотел, ресторан, салон за убавина, ресторан за брза храна и кафе бар. Се планираат 150 нови вработувања во компанијата за потребите на работа во објектот.



