50 години фолклорно творештво Тофе Дракулевски

По повод 50 години фоклорно творештво Тофе Дракулевски, во понеделник, на 06.11, во 20 часот во салоното МОБ, ќе се одржи гала концерт, при што ќе учествуваат НУ Државниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија "Танец", ансамблот "Орце Николов", ансамблот "Кочо Рацин", ЖКУД "Владо Тасевски" и пејачите Виолета Томовска, Есма Реџепова, Калиопи, Елена Георгиева, Драган Мијалковски, Наум Петрески, Благоја Грујовски и Ристо Самарџиев. Еден од спонзорите на манифестацијата е и Скопски пазар АД.

Тофе Дракулевски, роден на 23.07.1939 година во с.Лазарополе, е еден од стожерите на македонските фолклорни самодејности, кореограф, педагог и народен уметник. Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди и признанија.