Скопски пазар ја поддржа кампањата по повод 16 октомври - "Денот на гладта"

По повод 16-ти октомври, Денот на гладта, Црвен крст на Македонија, од 16 до 22 октомври, спроведе кампања за помош на гладните под мотото "ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС".

Активностите беа насочени кон прибирање на прехранбени производи наменети за сиромашните и гладните.

Нашите маркети МАКСИ Д Охрид и СП маркет Бутел беа вклучени во реализацијата на оваа акција. Беа поставени пунктови на Црвен крст на самиот излез на маркетите, кај наплатните каси, на кои се делеа летоци со информација и апел до купувачите да помогнат на гладните со купување производи и донирање на прехранбени производи.

Исто така, и нашата компанија даде свој придонес со донација на прехранбени производи.