Скопски пазар е една од седумте македонски компании кои реализирале најдобри проекти за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори за енергија со средствата на фондот на Европската банка за обнова и развој.
ЕБОР на овие компании им додели признание за успешната имплементација на проектот, чијшто резултат е значително намалување на трошоците за енергија.
Овие проекти за енергетска ефикасност се реализирани преку програмата WeBSEFF, со која се предвидени 12 милиони евра, од кои 20 отсто се доделуваат како грант. Просечниот период на поврат на инвестициите преку заштеда е 3,71 година. Во оваа програма на ЕБОР, освен Македонија вклучени се и Босна и Херцеговина и Србија, а кредитната линија изнесува 60 милиони евра.