Добредојдовте на сајтот на Скопски пазар!
Скопски пазар е акционерско друштво во приватна сопственост за услуги во прометот и трговија извоз- увоз. Дејности на компанијата се: изнајмување на деловен простор, управување со зелените пазари во Град Скопје, трговија со производи за широка потрошувачка и угостителска дејност.
Трговската дејност, компанијата ја врши преку првиот е-супермаркет во МакедонијаÂwww.doma.mk.
Скопски Пазар управува со 13 зелени и 1 сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги.
Скопски Пазар располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри. Во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, а останатиот го изнајмува на други корисници.
Компанијата врши и сопствена угостителска дејност воÂРесторанот „14“ во Скопје, населба Тафталиџе.