IKAS 2010
На 03 и 04 април, пред околу 5000 гледачи , во СРЦ Матка се одржа меѓународниот слалом натпревар ИКАС '10. Слаломот годинава го одбележа своето 42.издание.

Првото место на слаломот , по петти пат го освои нашиот олимпиец - Атанас Николовски.

Скопски пазар како верен поддржувач на спортските активности во Републиката, беше еден од спонзорите на 42-иот ИКАС.

Свеченото отварање на слаломот беше одбележано и со засадување дрвца како дел од акцијата Ден на дрвото.

Дел од присутните беа и: маестро Борис Трајанов, Диме Спасов - Директор на Агенцијата за млади и спорт, градоначалникот на град Скопје - Коце Трајановски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров - Сокол Митревски, градоначалникот на општина Сарај - Блерим Беџети, Претседателот на КФМ Лазар Поповски и др.
