Скопски пазар АД Скопје
За нас
Услуги
Финансии
Општествена одговорност
Новости
Човечки ресурси
Контакт
Мапа на сајтот
Финансии
Успешноста во работењето на компанијата се рефлектира преку постигнатите финансиските резултати. И покрај крајно неповолното економско и политичко опкружување во кое Скопски пазар АД Скопје ги извршуваше своите редовни активности, успеа да ги зголемува приходите од продажба од година во година.
Значајно е да се истакне дека и покрај значајното зголемување на приходите од продажба, нето добивката не беше во можност да го прати тој раст, пред се поради големите инвестиции направени во последните години, како и "прележувањето на детските болести", од развивањето на ланецот супермаркети, при што враќањето на инвестициите се оствари во најкус можен рок.
Со успешното работење Скопски пазар АД Скопје дава свој придонес за пошироката заедница, односно преку редовното плаќање на своите обврски во вид на корпоративен данок, данок на додадена вредност и другите давачки од кои се финасираат редовните активности на пошироката заедница.













