Скопски пазар АД ги отвори првите три продавници од новиот малопродажен ланец
БОНУС ПЛУС, во населбите Ѓорче Петров, Драчево и Шуто Оризари и на Зелен пазар.

Концептот БОНУС ПЛУС промовира новитет на пазарот во Македонија поради следните целни претпоставки:
- - стратешки локации - зелените пазари и локации со фреквентна посетеност;
- - профитни цени со максимално ниски оперативни трошоци - простор до 50 м2, минимален број на вработени, минимална опременост со инвентар;
- - специјален избор на високообртни ефтини производи;
- - ограничен асортиман - околу 300 производи;
- - максимална застапеност од 2 бренда по група на производ;
- - имплементација на сопствени брендови со цел постигнување најниска цена во соодветната група
- - директен маркетинг - флаери и банери на локално ниво
- - најниски цени за потрошувачите;
